хулахоп
banner_top
   

Супер хула – награди за најдобрите хула – хопери!



Најпрво сакаме да им честитеме на сите учесници во големото натпреварување во вртење на хулахоп, затоа што го направија овa натпреварување навистина интересно. Имаше толку многу забавни, махерски и смешни видеа кои што изнудија многу насмевки од посетителите на сајтот кои гласаа за своите фаворити и ги изгласаа победниците на овој натпревар кои добија вредни награди.

Победникот во категоријата најмахерско видео ќе игра на прекрасното Nintendo Wii заедно со своите пријатели, а за тоа најзаслужно е видеото со име “Свашта” кое е дело на Марина Ангеловска.

Сопственик на најсмешното видео е Наташа Бибановска , која заедно со својот папагал Мици ќе можат да уживаат во прекрасниот лаптоп кој го добија во ова интересно натпреварување.

Најдобрата фотографија изгласана на http://www.hulahop.mk ја направи Александар Илиевски кој сега ќе слика нови фотографии со фотоапаратот кој навистина го заслужи.